Затоа што и покрај патњата за некое потенцијално секси бате што не изиграло као шо треба, во нив преовладува идејата за сама млада жена која:
носи одлуки, сака нешто и иде по тоа, го губи, се сака себе, има секс, игра друштвени игри, пати по мушко – али ѝ е добро со сама себе, прифаќа отфрлање, си брка работа, и све тоа по гакички, у спот, у супер хотелска соба. Токму овие денови можеа да бидат денови на конечната пресметка меѓу скопјанки[1] и битолчанки, но интернетот, како и сите други борби во последно време, ја комодифицираше и оваа. Наместо скопјанки пристојно да им се наебат на битолчанки шо доаѓаат у скопје за да им ги зимаат и ебат мужите, они у меѓувреме да ти станале секретарки на боговите на моралот и пуританизмот, со вградено метро во очите – и уште во од, на улица можат да проценат дали доволно надоле иде сукњата, а нагоре ролката! Коа седиш дома и глеаш спотови на интернет, тоа судење иде уште полесно.
И водејќи глупи муабети (Ќерка ми ќе биде Одри, а не Ким; На шо дроги е малава? и Боље да беше на англиски), нашиве критизерки и критизери ја пропуштиле проникливоста на Принцес Донацу коа ја доловила есенцијата на мачо скопјаните[2], ненамерното хроничарство, а-ла модерен и секси евлија челебија[3], па дури и суптилното коментирање на дијалектиката на класните односи во сентименталните/сексуални врски[4]. Донацу е толку во цајтгајстот, што не можам да се сетам за историски подобар момент во поп културата да се спомне терапевтското дејство на непроверуење инбокс и играње друштвени игри со другарките! Гази ги, чупе[5]!
Си викам можда не слушаат ваква музика, али зар не ги интересира – Дали Битола е само начин на кој ќе ја снема од Скопје? Ова ли е хотелот у кој требаше заедно да бидат? У Битола или Скопје се наоѓа? Зашо има две пиени сокчиња у спотот[6], а она се жали дека не дошол? И кај се чупињата for that matter?? И дали е ова првиот македонски one-take музички спот, и ако не е така, кој е???
На крај, многу љубов до оние што ги сакаат ваквите спотови и песни на црнкињи и порториканки, а кои многу ги вознемири апропријацијата на истата форма од нашево чупе и на нашиов јазик – вие сте вистинските чувари на нацијата!
Дiskorдia
Ивана Драгшиќ
Стефан Богески
[1] Девојки чии ставови доаѓаат од позиција на привилегија, нема врска со Скопје.
[2] „секогаш ме ебиш ко да има поправен“
[3] ќе бидам преуба ќе јадам тос kaj бомбата
[4] Цела песна??
[5] ФБ коментар, Иван Менкиноски, 01.03.2019
[6] 0:45