
Присуство
Маја Херман Секулич
Не знаевме што е. Тоа нешто. Што се спрема.
Небото и океанот посивеа од бес. Престанавме
да збираме школки. Побегнавме.
И она чекање авионот да полета. На работ.
Извесно беше само тоа нешто. Присуство.
На кобната воздушна линија без враќање.
Не се оддалечуваше. Врзани за седиштата
додека го спуштавме погледот кон весниците и книгите
го чувствувавме зад тенките стакла на прозорците
како кошмарот што го носиме во себе.
(Во Мексичкиот залив 1988, пред најголемиот ураган на овој век, подоцна наречен „Гилберт“)
НАПИШАНО ОД:
Калиа Димитрова
Oct 7, 2022