Се сеќавам – Ен Секстон

Препев од англиски: Марија Шаклева

2

Се сеќавам

ЕН СЕКСТОН

 

До први август

невидливите бубачки почнаа

да ‘рчат, а тревата беше

крута ко коноп и

без боја – онолку колку

што песокот има боја и

ние се шетавме со боси стапала,

боси уште од дваести

јуни и имаше денови

кога заборававме да го навиеме

твојот аларм и ноќи

кога џинот го пиевме топол и чист

во стари чаши за десерти 

додека сонцето се гасеше

како накитена црвена шапка и

еден ден си ја собрав косата 

со машна и ти рече

дека скоро па личам на

пуританска дама и она на што

најдобро се сеќавам е дека

вратата до твојата соба беше

вратата до мојата.

НАПИШАНО ОД:

Тимот на Медуза

Sep 9, 2022

Коментари
Scroll to Top