
Сè треба да се поправа
КАРЛА КОРДЕРО
кога имаш триесет години сè треба да се поправа. поради ова
купив кутија со алатки. го наполнив со опрема што татко ми
ја поседуваше некогаш за да не ни се распадне домот. купив
алатки со имиња и функции непознати за мене. просто, седеа таму
на нивната полица во пластична амбалажа, со цена што вреска:
еј, девојко, ти треба ова! како да ќе можам еден ден
на мојот дом, и сè што живее внатре да им подарам бесмртност, да биде
историски споменик пред којшто соседите ќе чекаат ред да го видат
дури и кога мене ќе ме нема и ќе кажат: бре, е ова ти е добра куќа!
сега, поседувам бормашина, со илјадници метални делчиња
што веројатно нема ни да ги искористам, или ќе ги искористам погрешно,
но во тоа што сум сигурна е сепак, неизвесноста кои алатки
го поправаат стареењето на кучето, свенатото змиско растение,
линиите под моите очи, вкочанетото колено или лошиот грб.
и можеби, токму вака е – делчиња од нашиот малечок универзум
се раствораат како коцки шеќер во вода – потсетник
да го забавиме нашето брзо дишење за да можеме да се восхитуваме
на неговата магија. бидејќи и најдобрата кутија со шрафови
може да за’рѓа. бидејќи кога бев дете, ми се слизна од раце
тегла за колачиња во облик на ноевата арка,
семејно наследство што се распрска на парчиња.
животните се ослободија, зебрите трчаа
под кујнската маса, скршениот лав рикаше
на влезната врата и надвор од кабинетот за алатки
па земав селотејп и лепак за керамика. ја залепив секоја ѕверка
назад кон нејзиното предвидено патување. бидејќи тоа пладне,
кога татко ми си дојде од работа, му признав,
а тој ја постави теглата на масичката само за да ја наполни
со слатки. бидејќи пукнатините од несовршеностите што ги залепив
со раце беа боцкави и изронета боја го засече
вратот на носорогот.
секое диво животно стоеше во ред пред бродот
и поплавата од колачиња што чекаше внатре.
НАПИШАНО ОД:
Тимот на Медуза
May 28, 2022