Сега кога времето се чини цело мое – Патриција Кавали

Препев од италијански јазик: Вики Младенова

хј
Сега кога времето се чини цело мое

ПАТРИЦИЈА КАВАЛИ

 

Сега кога времето се чини цело мое

и никој не ми се јавува за ручек

и за вечера,

сега кога можам да си постојам гледајќи

како еден облак истекува во безбојност,

како еден мачор чекори по кровот

во беспрегледниот луксуз на истражувањето, сега

кога секој ден ме начекува

долгата ноќ безмеѓна

кога повеќе нема крик и резон

што итно се распојасува за одвнатре да се опуштам

заслепувачката сладост на едно тело што ме чека,

сега кога утрото повеќе нe почнува

и стишено ме препушта на моите

проекти на сите завршни акорди на гласот, сега

одненадеж би посакала затвор

НАПИШАНО ОД:

Вики Младенова

Dec 30, 2022

Коментари
Scroll to Top