Раскажи ми за сонот каде ги извлекуваме телата од езерото
и повторно ги облекуваме во топла облека.
Како е доцна и никој не може да заспие, а коњите трчаат
сѐ додека не заборават дека се коњи.
Не е како дрво, чии корења мора некаде да завршат,
повеќе е како песна на полициско радио,
како го собиравме тепихот за да танцуваме, и деновите
беа жар-црвени, и секојпат кога ќе се бакневме имаше уште едно јаболко
што требаше да се расече на резанки.
Погледни ја светлината низ прозорското стакло. Пладне е, а ние
сме неутешни.
(Рас)кажи ми како сето ова, и љубовта исто така, ќе нѐ уништи.
Нашиве тела обземени од светлина.
Кажи ми дека никогаш нема да се навикнеме.