Го успоруваш телото доволно за да почувствуваш.
Мислеше дека си неподвижен
но само успоруваше онолку колку
да ја почувствуваш болката. Постојат пострашни нешта
од тоа да бркаш воз, да го превртиш
зглобот, денот да ти се заебе.
Трчаш за да стасаш или да побегнеш?
странецот што ти помага да станеш
сака да знае, ти кој си навикнат на
што било нашкрабано на празна рецепта.
Само сакам болката да запре, велиш,
изненаден од самиот себе
што посегаш по нечија рака.