
Слатка темнина
ДЕЈВИД ВАЈТ
Кога твоите очи се уморни
и светот е уморен.
Кога ќе ти исчезне видот
ниту еден дел од светот не може да те пронајде.
Време е да влезеш во темнината
кадешто ноќта има очи
да го препознае своето.
Таму можеш да си сигурна
дека љубовта не те одминува.
Темнината ќе биде твоја утроба вечерва.
Ноќта ќе ти понуди хоризонт
подалеку од што можеш да видиш.
Мора да научиш една работа.
Светот е создаден за да бидеш слободна во него.
Откажи се од сите други светови
освен од оној на којшто му припаѓаш.
Понекогаш потребни се темнината и слаткото
заточеништво на твојата осаменост
за да научиш
било што или било кој
што не те прави жива
е премал(о) за тебе.
НАПИШАНО ОД:
Тимот на Медуза
Jan 27, 2023