Да можеше
да ми се пикнеш во умот
и да те оставев да скиташ
на долго и широко низ
брановите на моите мисли
никогаш нема да
треба да ме прашаш
зошто ме сакаш?
Утрово додека спиеше
сакав да те разбудам со бакнежи
да ти кажувам дека те сакам додека не
се насмееш од срце и не си речеш да!
оваа жена навистина ме сака.
Секојдневно расте списокот
со нештата што си ти
нешта од кои срцето ми игра
но зборовите би звучеле чудно
и банално на глас.
Наутро кога се будам
не гледам низ мојот прозорец
за да проверам дали сонцето свети.
Само се вртам кон тебе.