Кога месечината би се смеела, би личела на тебе.
Оставате ист впечаток
На нешто убаво, но разорно.
И двете сте познати крадливки на светлина.
Нејзината отворена уста го жали светот; твојата е незасегната.
А твојот прв дар е да прествориш сѐ во камен.
Се будам сред мавзолеј; ти си тука,
Тропаш со прстите по мермерната маса, бараш цигари,
Злонамерна баш како жена, но не толку нервозна,
И умираш да кажеш нешто за кое нема одговор.
Месечината, исто така, ги злоупотребува своите поданици,
Но денски е за потсмев.
Твоите незадоволства, од друга страна,
Стигнуваат во поштенското сандаче со милна редовност,
Бели и празни, пространи како јаглерод моноксид.
Нема ден што е раат од вести за тебе,
Можеби шеташ дури во Африка, но сепак мислиш на мене.