Зар има нешто поубаво?
Откако секојдневно се бориме
со нашите засебни маки
завршуваме тука. Се врзувам за тебе,
како видра завиткана во келп, за плимата
да не нѐ украде додека спиеме.
Во ноќта се вртиме заедно,
разнишани во плитката пена,
камчиња измазнети од морето.
Оригинално: Sleeping With You, Ellen Bass