
Справување
ОДРИ ЛОРД
Врне веќе пет дена
тече
светот е
тркалезна локва
тмурна вода
каде мали острови
едвај почнуваат
да се справуваат
младо момче
во мојата градина
ја црпи водата
од својата цветна леа
кога го прашувам зошто
вели
младите семиња што не виделе сонце
забораваат
и лесно се дават.
НАПИШАНО ОД:
Тимот на Медуза
Oct 13, 2023