Сонцето изгрева,
а ти сѐ уште си в кревет
повисоко е од вообичаено
грбот ти е исправен
спремен
и не те боли
толку толку
толку
сѐ што сакаш е
да се облечеш
ништо не боли
супер е
на масата тост
надвор птици
студено е
а студот не е ниту вид ниту сетило
туку начин на живот
не можеш да ги видиш нештата коишто си
и всушност,
што навистина значи да се биде нешто?
кој знае?
кога времето е и топло и ладно истовремено
сакаш да ги набљудуваш птиците
кога јадат од хранилката
устата ти е сува од предолго
зјапање во екран
глава полна пиксели
и ти стоиш повисоко од вообичаено
се соочуваш со чирови на јазикот
буричкаш низ семејните нишки
не можеш да разговараш со пријателите
кој би рекол дека ќе си овде сега
божем возрасна
песните не звучат исто
штом еднаш си ги проживеала
железнички и автобуски станици
чип и пин
се нема потреба од допир
од љубење
но еј – !
сонцето изгрева
срна во полето
во возот
боже
се надеваш дека
никогаш нема да ти здосади
се надеваш секое ново лице
ќе остане ново засекогаш
срамот ти истекува
како шеќер
како вода
како жалост
како музика
како некој
кој никогаш не знаеше
дека сакаш да бидеш
железнички станици
автобус
автобус
автобус
желба за светот твој
е да најдеш луѓе за кои се грижиш
на начин што те прави да се чувствуваш глупаво
еластично и пријатно
дури и кога си целосно стопена
во креветот
мајка ти старее
поминаа 5 години
наеднаш
и бавно
линиите на твоето лице
не изгледаат како што
си ги замисли
Твојата најдобра другарка има бебиња
уште една пропуштена врска
боже, се надеваш дека ова нема никогаш
да ти здосади
лежиш на каучот сѐ додека
собата не стане црна
а лицето не зрачи сино
еве дел од тебе
што си го заборавила
тука бил цело време
чекајќи
тажна си денес
тоа е океј
птиците јадат
од хранилката
само 5 фунти после киријата
тоа е океј
не можеш да разговараш со пријателите
тоа е океј
твоето тело одбива да го прави тоа што треба
тоа е океј
не можеш да постигнеш денес
тоа е океј
Сонцето изгрева
и заоѓа
а ти сѐ уште си в кревет
океј е океј океј океј
утре е нов ден
од ова никогаш нема да ти здосади
утре се состои од тебе.