Сѐ уште не се чувствувам силна, но добро
се грижам за себе.
Времето е совршено.
Читам и шетам сиот ден, а потоа одам до морето.
Верувам дека наскоро ќе запливам. Засега сум задоволна.
Не сум сигурна на што се надевам.
Чувствувам дека правам сѐ што можам.
Времето е совршено.
Читам и шетам сиот ден, а потоа одам до морето.
Верувам дека наскоро ќе запливам. Засега сум задоволна.
Не сум сигурна на што се надевам.
Чувствувам дека правам сѐ што можам.
Се потсетувам кога имав шеснаесет и сонував за Лорка,
за кротките дрвја надвор и потокот.
Можеби поезијата во мене заменува нешто
што другите го добиваат поприродно.
Можеби мојата среќа е доказ за слабоста во мојот живот.
Дури и моите неуспеси во поезијата ме радуваат.
Времето овде тече поинаку. Добро е
да се биде далеку од јавните амбиции.
Метам и перам,
готвам и пазарам.
Понекогаш навечер одам во градот и
јадам печиво со крем.
Понекогаш седнувам на маса покрај пристаништето
и пијам половина пиво.