Те сакам драги – Калиа Димитрова

Авторска песна на Калиа Димитрова

Untitled design (2)

Те сакам драги

КАЛИА ДИМИТРОВА

 

ноќва, се случи ветување за нова пролет.

се случи силен тресок на такси врата.

се случи раст на цени: струја, бензин, храна.

се случи телефонски разговор, под јорган.

се случи зјапање во таван во старата детска.

се случи танц на сто сини пеперутки.

се случи не знам како да те пуштам од рака.

 

немам кров

немам тло

немам тв

немам свод

ноќва

можеби те имам тебе

ноќва

шмркаш под расклатени маси

ноќва

женски југословенски глас пее за љубов

ноќва

градам тврдина од перници

само за да ја срушиш.

НАПИШАНО ОД:

Тимот на Медуза

May 7, 2022

Коментари
Scroll to Top