Непоканета, мислата за тебе до доцна ме прогонува,
Па легнувам и долго те сонувам; се будам со твоето име,
Звукот на слоговите бистри ко солзи, меки, солени на усниве
Како амајлија, како магија.
Вљубувањето е величенствен пекол;
Како сведнато, прежеднето срце
Ко тигар готов да убие; жесток плам под кожа влегол.
Ти дошета во мојот живот, прекрасен, поголем од него.
Се криев во обичните денови, во пампасите на рутината,
Во моите тајни одаички. Ми се испречи среде заглед,
Не тргајќи го твојот од ничиј израз, ниту од облаците,
Ни од копнежливата, раскошна месечина што подзинува
дури отворам врата од спалната соба. Завесите се лелеават.
Лежиш на креветот, како подарок, ко’ опиплив сон.
од збирката љубовна поезија „Занес“ (Rapture), 2005