Тивкиот свет – Џефри МекДениел

Препев од англиски: Моника Стојановска

Untitled design

Тивкиот свет

ЏЕФРИ МЕКДЕНИЕЛ

 

Обидувајќи се да ги натера луѓето

повеќе да се гледаат во очи

и да им удоволи на немите,

Владата одлучи

да му додели на секој човек точно

сто шеесет и седум зборови дневно.

 

Кога ѕвони телефонот, го доближувам до увото

без да кажам „ало“. Во ресторанот

покажувам накај пилешката супа.

Добро се прилагодувам на новите мерки.

 

Доцна навечер, ѝ се јавувам на мојата

девојка на далечина,

да ѝ кажам гордо дека искористив само педесет и девет денес.

Ги зачував останатите за тебе.

 

Кога немам одговор од неа,

знам дека ги искористила сите зборови,

па споро шепотам „Те сакам“

триесет и два пати и половина

После тоа, само остануваме на линија

и слушаме како дишеме.

НАПИШАНО ОД:

Тимот на Медуза

Apr 16, 2022

Коментари
Scroll to Top