Торзо од воздух – Оушн Вуонг

Препев од англиски: Љупчо Петрески

2

Торзо од воздух

ОУШН ВУОНГ

 

Претпостави си го сменил животот

А телото е повеќе од само

 

Парче ноќ – запечатено

Со модринки. Претпостави си се разбудил

 

И си си ја нашол сенката заменета.

Со црн волк. Момчето, прекрасно

 

И заминато. Па наместо него, го земаш ножот

кон ѕидот. Сечиш та сечиш

 

Сѐ додека паричка од светлина не излезе

И погледнуваш конечно

 

Кон среќата. Окото

Се џари од спротива –

 

Во очекување.

НАПИШАНО ОД:

Тимот на Медуза

Sep 30, 2023

Коментари
Scroll to Top