—
гората гори
си ја нарекол ли горава
моја –
мислиш ли заради тоа гори
свињата на крајот на светот
поплавата
уништува сѐ мокро бучно
комплет сосе ограда
тонат луѓе бродови осигурителни компании
a потоа еден човек
со глава едвај над површината
ja гледа свињата
огромна згоена свиња
поголема од светот
(самиот свет)
безумно решена
плива кон јаболкото
го јаде јаболкото
—
како хера ќе те како афродита
како сите тие јаки грчки