за Хандина Дутиро
Започнува бавно пред да забрза.
Започнува со бебешка облека,
прераснува во изгребани колена,
потоа наеднаш напреднуваш пребрзо
во обид да станеш личноста која сакаш да си
и тоа го заслужуваш.
Да се погледнеш во огледало и да си се допаднеш
е тешко, ова патешествие не е воопшто
ко на филм туку
понекогаш сомнежот влегува.
Затоа слушај:
не е сѐ прекрасно,
лоши работи се случуваат
и не секогаш се поправаат,
но тоа е океј.
Држи се за да пуштиш,
држи се за да пуштиш,
држи се за да пуштиш.
Понекогаш ќе се уплашиш.
Но, сети се да дишеш;
тоа е вештина што не се учи
и не е опиплива, но ја чувствуваш.
Кожата е исцелител,
и небото е огромно!
А ти си малечка, толку малечка,
но никогаш безначајна.
Имаш толку многу љубено,
та љубовта ти станува елемент.
Посебна си,
твојата душа е најубавата што ја имам видено
и кога се смешка ѝ се појавуваат дупчиња
Но, кога си уморна, влези,
верувај дека светот е нежен.
Можеш да патуваш долго
ама засега, влези.
За да те држам.
Откако ќе научиш дека самотијата не е осаменост,
никогаш нема да си сама освен ако не сакаш да бидеш.
Помисли на лисјата кои паѓаат,
Помисли на огнот како кадифе.
Помисли на работи кои не се метафори,
убавина сама по себе.
Овие зборови нема да поместат планини,
можеби ретко ќе ја видат светлината надвор.
Само се надевам дека ќе ти олеснат
денес само да бидеш.
Затоа што знам дека трупањето
чекори и дишења
станува секојдневно мачење.
Тежнеј да запомниш
и тежнеј да веруваш
дека си многу повеќе
од навремена.
Без разлика кои нијанси ги има тревата,
секогаш ќе биде зелена,
а јас не можам, а да не го љубам Сонцето,
што сјае
блескаво и топло
и покрај сѐ што видело.