
Црвениот ѓавол
ТЕС ГАЛАХЕР
сестрите на онкологија го викаат така
оти, како киселина, ако слизне
од иглата на кожата, на пациентот
му треба кожно пресадување. Црвен ѓавол
оти ја гори внатрешноста на
вените, прави косата да отпадне
и ноктите на дланките и стопалата
да се подигнат од своите коритца, да се скупчат
ил згужваат како неисправен оклоп.
Сега тестот открива дека срцето
пумпа 13% послабо.
Не е важно. Твоето срце
и онака беше супер срце.
Сега е нормално. Стани дел
од клубот. Умори се. Научи да одремуваш.
Гледај ги тркачите како галопираат угоре
како да се под вода, како
божем да имаа што да те научат
за минатото, колку беше слатко
и бескорисно, да ги качуваш скалите
по две наеднаш. Сѐ уште
те викаат колибри.
Порано ил подоцна ќе леташ
на грб за да докажеш
дека имаш бар уште
еден трик во ракавот.
НАПИШАНО ОД:
Тимот на Медуза
Feb 3, 2023