На некои мажи никогаш не им текнува.
Тебе да. Ќе дојдеше
И ќе ми кажеше дека за малку ќе си ми донел цвеќиња,
Но нешто тргнало наопаку.
Цвеќарата била затворена. Или ти се јавил сомнеж –
Онаков каков што умови како нашите
Замислуваат непрестајно. Си мислел
Дека можеби нема да ги сакам твоите цвеќиња.
Тогаш се насмеав и те прегрнав.
Сега можам само да се насмеам.
Но, види, цвеќињата што речиси ми ги донесе
Траат сево ова време.