Животот е краток, иако не им го кажувам ова на моите деца.
Животот е краток, а јас својот си го имам скратено
на илјада вкусни, непромислени начини,
на илјада сладокусно непромислени начини
што нема да им ги кажам на моите деца. Светот е барем
педесет проценти ужасен, а и тоа е
скромна проценка, ама не им го кажувам ова на моите деца.
За секоја птица, има рака што ќе ја каменува.
За секое сакано дете, има друго — oсакатено, врзано во вреќа
и во езеро удавено. Животот е краток,
а светот е барем напола ужасен, и за секој арен
непознат, има друг што би те скршил,
ама не им го кажувам ова на моите деца. Пробувам
да им го продадам светот. Секој способен агент
кога те шета низ некоја шупа, везе ли везе
за цврстите темели: Што убаво може да биде местово,
нели? Можете да си го средите да ви биде баш убаво.
Оригинал: “Good bones”, Maggie Smith