
Убијте ги дечковците
АЛЕКС ДИМИТРОВ
Најпрво, носете ги алиштата што безгрижно ги оставаат
вечерта на која не се сеќавате,
па затоа самите се гледаат себеси како напуштени.
Погледнете ги, секогаш,
скапоцено пред разделба
и малку подолу под устата.
Што и да слушате, нека биде на рипит.
Ако прашаат, „што е ова?“
кажете им „Брандо и Морисон умреле
слушајќи ја оваа песна“ –
кажете го тоа без да ви e грижа што ќе помислат.
Убијте ги дечковците, момци.
На кино, или на шанк,
на вашиот прв дејт, во спалната соба.
Убијте ги дечковците – убијте ги дечковците, дами.
Додека ве бакнуваат, пред да ви кажат
„ќе свршам“, пред да им недостасувате.
Кога ви симнуваат ѕвезди,
кога сакаат уште еднаш да ве видат.
Зошто да не го убиете она што е ваше?
Зошто да не биде смртоносно?
И вие сте од љубов со љубов.
Делкате уште едно срце,
го полните со ништо.
Мора да ги убиете дечковците.
Мора да се убие она што ве посакува,
како смртта, за себеси.
НАПИШАНО ОД:
Тимот на Медуза
Dec 9, 2022