Уште една надморска височина – Мег Деј

Превод од англиски: Магда Ориѓанска

Untitled design
Уште една надморска височина
МЕГ ДЕЈ

 

Третиот ден ти пишав за небото,

дека се протега лесно ко окенската шир

можев име да му дадам само ако го споредев со она во Монтана.

Од скоро, небото е плафонот под кој се будам:

ширно, бегло и круто, со закоравени рабови,

спрострена болничка крпа што стврднала преку ноќ

мокра и натопена во пригушен бол.

Но вечерва си одев дома, пешачев по брегот

и ја сетив огромната месечина в грло.

Некаде на планетава постои човек

кој бил на таа месечина,

кој излегол од тоа небо

и кој веќе никогаш нема да спие исто поради тоа.

Секогаш ќе биде тажен или ќе се чувствува мал

или ќе се прашува како човек може да биде човек

ако да бидеш човек значи да се секираш;

со очите нема да види

туку само ќе може да гледа.

 

Мислам да ти пишувам баш така- со отворени раце-

кон распарчување, кон уништување.

 

 

Оригинал: “Another Night at Sea Level”, Meg Day

Од: Last Psalm at Sea Level (Barrow Street, 2014)

 

 

„Кога немате ништо друго освен чекан, се’ наоколу ќе ви личи на клинец.“ – Мег Деј

Деј е добитничка на неколку престижни признанија за поезија, работи како професорка-асистентка по Англиски јазик и креативно пишување на Колеџот „Франклин и Маршал“ и живее во Пенсилванија. Прочитајте повеќе за и од авторката тука.

– Магда Ориѓанска за поетесата

„Препејувам зашто процесот ме радува и ме лекува од лоши мисли и тага. Избирам да препеам одредена песна штом чујам ехо кое ми кажува дека не сме сами, туку само нови во светот.“

– Магда за процесот на препејување

НАПИШАНО ОД:

Тимот на Медуза

Jul 15, 2022

Коментари
Scroll to Top