Те интересира како го минувам времето?
Одам низ тревникот пред куќата и се преправам
дека плевам. Треба да знаеш
дека никогаш не плевам, на колена, корнејќи
грутки детелина од цветните леи: всушност
барам храброст, трагам по некаков доказ
дека животот ќе ми се промени, иако
за тоа е потребна вечност, го проверуваш
секое снопче за симболичното
ливче. А наскоро летото завршува, веќе
листовите стануваат, секогаш заболените дрвја
први заминуваат, умирајќи стануваат
блескаво жолти, додека неколку мрачни птици ја изведуваат
својата завршна песна. Сакаш да ми ги видиш дланките?
Празни како и при првата нота.
Или поентата отсекогаш беше
да се продолжи без знак?