Важно е да се биде нешто – Џошуа Џенифер Еспиноза

Препев од англиски: Кристина Атанасова

Untitled design (6)

Важно е да се биде нешто

Џошуа Џенифер Еспиноза

 

Ова е нешто како живот. Ова е налик живот.

Се спуштам во една грешка

и се пресоздавам во формата

на некоја подобра грешка—

добар пар очила

без леќи,

чевли кои се кнап,

граден кош кој постојано боли.

Постои листа на работи

што треба да ги штиклираш за да бидеш  човек.

Не сакам да бидам човек

но и не постои избор,

затоа тргнувам надолу и

ги бакнувам стапалата.

Тргам нагоре и го лижам 

коленото.

Ти го давам мојот череп

да правиш што сакаш со него.

Ти растеш цвеќиња на мојата глава

и ги косиш премногу кратко.

Ги лакирам ноктите

но кому му е гајле. Кој се замара.

Се трудам да не се замарам

ама не ми успева.

Ја носам мојата облека. Го носам моето тело.

Зачекорувам на тревата и се вцрвенувам 

каде и да погледнам.

Sep 23, 2022

Коментари
Scroll to Top