Во болницата, медицинската сестра е вџашена
ненадеен посетител: трупот на нејзиниот сопруг
на носилка
пристигна на задното седиште од такси—
импровизирана погребна кола.
Во Газа има недоволно амбулантни возила
и повеќе од доволно смрт.
Лута е. Мажите никогаш не слушаат
Ти реков почекај да ми заврши смената
Прво мора да се погрижам за ранетите
Ти реков вечерва умираме како семејство
требаше да умреме
како семејство