Чаша празни пораки во осветлена соба,
светлото заслепува, ослепени мажи стојат во ред
младите не можат мирно да умрат, слушам како вели еден човек.
Ништо не остана повеќе: ни бушавата коса на момчињата, нивната насмевка,
ни сликите од предци, приказните за духови,
ни магливиот час пред изгрејсонце
кога смоквите ги очекуваат малите детски раце.
Сега свеќите се стопија
и црковните ѕвона
веќе не ѕвонат во Витлеем.
Постојано крваво минато
на заробени градови
одземени животи
и збогувања.
Како да ги издржиме сликите што ни ги поплавуваат очите
и ни течат низ вените: мртов човек, можеби триесетгодишен,
со стисната тупаница, држејќи шеќер за утринско кафе.
Полни шолји кафе
оставени на маса
во радио станица
покрај три трупа.
Труповите ги следат снајперистите во сон, ги потсетуваат
дека денес убиле мало дете,
една жена пробува да каже, „Запрете, ве молам.“
Ве молам, сопрете ги солзите, куферите, тишината,
осамениот човек што се држи за својот молитвен килими сеќавањата што му останаа
додека полудува со секој изминат ден…
чуј, колкумина треба да умрат пред да почнеме да броиме,
чуј, слуша ли некој, нема никој овде, ништо не остана,
ништо не останува по војна, освен други војни.
Original: “War”, Nathalie Handal