Во теретана – Марк Доти

Препев од англиски: Љупчо Петрески

Untitled design (6)

Во теретана

МАРК ДОТИ

 

Оваа соленкаста дамка
го бележи местото каде мажи
ги наведнуваат главите,
над клупата,

 

и не креваат ништо
што треба да се крева
туку некое бреме што го одбрале
овој пат: повеќе повторувања

 

повеќе тежина, повеќе туркање
пред одење, сите заедно,
овој знак каде сме биле:
дамка на плашт, одраз

 

што отсјајува на линолеумот
каде туркаме нешто
непопустливо кон небото,
станувајќи помоќни

 

барем врз месото,
кое гори од желба,
и се ужаснува од кршливост.
Кој ќе каже кој ја

 

додава својата топлина на нимбусот
од нашите намери, тука каде
се создаваме себеси:
нешто тешко

 

кренато, стиснато или свиено,
моќ над убавина,
моќ над моќ!
Иако има нешто

 

покревко, под нашата суета
нашата желба да станеме предмети
на посакување: ја испотуваме дамката
на нашето присуство врз крпата.

 

Тука е и ореолот што
живеејќи заедно го создаваме.

 

НАПИШАНО ОД:

Тимот на Медуза

Jul 1, 2023

Коментари
Scroll to Top