За Грејс, после забавата – Френк О’Хера

Превод од англиски јазик: Грација Атанасовска

Untitled design (2)

За Грејс, после забавата

ФРЕНК О’ХЕРА

 

Не секогаш знаеш што чувствувам.

Синоќа во топлиот пролетен воздух дур

разгорував расправија со некој што не

ме

занима, љубовта кон тебе ме

распалуваше,

не е ли тоа чудно? во соби полни

странци моите најнежни чувства

се превиткуваат и

го раѓаат плодот на вриштењето. Испружи ја раката,

нема ли

пепељара, одеднаш, таму? Покрај

креветот? И некој што го сакаш влегува во собата

и вика да не ги

сакаш јајцата малку

другачии денес?

А кога пристигнуваат тие се

само обична кајгана и топлото време

се држи.

НАПИШАНО ОД:

Тимот на Медуза

Jun 4, 2022

Коментари
Scroll to Top