Колонизаторите пишуваат за цвеќиња.
Јас ти раскажувам за децата кои фрлаат камења врз израелските тенкови
мигови пред да станат маргаритки.
Сакам да сум ко оние поети на кои им е гајле за Месечината.
Палестинците не можат да ја видат Месечината од затворските ќелии.
Преубава е, Месечината.
Преубави се, цвеќињата.
Кога сум тажна собирам цвеќиња за мојот покоен татко.
Гледа Ал Џезира цел ден.
Посакувам Џесика да престане да ми праќа пораки во кои пишува Честит Рамадан.
Знам дека сум Американка бидејќи секојпат кога ќе влезам во собата нешто умира.
Метафорите за смртта се за поети кои мислат дека на духовите им е гајле за звуци.
Кога ќе умрам, ти ветувам дека нема да престанам да те демнам.
Еден ден, ќе пишувам за цвеќињата како да ги поседуваме.