Се сеќаваш ли на оној пат кога ја замисли желбата?
Замислувам многу желби.
Оној пат кога те излажав
за пеперутката. Отсекогаш се прашував
што си замисли.
Што мислиш дека си замислив?
Не знам. Дека ќе се вратам,
дека на крајот сепак некако ќе сме заедно.
Си го замислив тоа што секогаш си го замислувам.
Посакав уште една песна.
Изворно: The Wish, Louise Glück