Жолта
ЕН СЕКСТОН
Кога пак ќе го вклучат
сонцето ќе засадам деца
под него, ќе си ја запалам душата
со кибрит и ќе ја оставам да пее. Ќе
ја земам мајка ми и ќе ја насапунам, ќе
си ги земам коските и ќе ги исполирам, ќе
си ја вшмукам бајатата коса, ќе
ги платам сите долгови на моите соседи, ќе
напишам песна што ќе се вика Жолта и
ќе ја впијам со усните, ќе
се најaдам со лажици полни жештина и
сите ќе бидат дома играјќи си со
нивните крилја и земјата ќе се
наежи од сите тие насмевки и
нема да има отров никаде, ниту чума
на небото и ќе има плодова вода
за сите луѓе и нема
никогаш да умреме, никој од нас, ќе останеме,
нели?