Песна

J-E-T-S – PLAY (Feat. Mykki Blanco)

J-E-T-S е музички проект кој се роди како соработка помеѓу Jimmy Edgar и Machinedrum во 2012, а ‘PLAY’ е најава за нивното повторно враќање после повеќегодишна пауза. Поединечно, Jimmy и Machinedrum се хиперпродуктивни продуценти кои изминатава декада создаваа модерна подлога за низа поп, соул, фанк и хип-хоп артисти како Jesse Boykins III, Jamie Lidell и Azealia Banks. Сепак, она што е највозбудливо за ‘PLAY’ е свеченото отворање на годината која најавува многу нова музика од Mykki Blanco, кој ова гостување со своите заразни стихови на кратката и заводлива индустриски хаус трака го искористи како тизер за неговиот втор албум кој допрва треба да се појави.

Идентитетите, талентите и политичките ставови на Mykki кои тој ги зазема, рефлектира и по кои го препознаваат во изминативе години се многубројни, радикални и исклучително важни, па слободно може да го наречете еден од основоположниците на новиот бран квир-хоп, родово флуиден активист за правата на луѓето кои живеат со ХИВ, поет и музичар признаен од великани како Saul Williams и перформер истовремено славен од публиката и протеруван од полицијата во андерграунд клубовите од Санкт Петербург до Хо Ши Мин.

 

 

 

 

Дiskorдia
Ивана Драгшиќ
Стефан Богески

AH-MER-AH-SU – SPACE

Нејзините текстови, музичко творештво, персона, настапи се просторот кој таа свесно и намерно го зема за да ја раскаже својата приказна, своите искуства – наместо некој тоа да го прави тоа за неа. Ah Mer Ah Su го нашла совршениот начин да ја изрази целата убавина и тага на тоа да се биде црна транс жена денес

Јас сум само обична црна девојка, со проблеми на обична црна девојка и хипер-свесност за мојата позиција во овој побркан свет. Сепак, активно ја избирам мојата среќа и добросостојба, иако имам проблеми со менталното здравје и љубовта кон себе си.

 

 

 

 

Дiskorдia
Ивана Драгшиќ
Стефан Богески

 

Leikeli47 – Girl Blunt

 

Од почетокот на нејзината кариера па до сега, Leikeli47 никогаш го нема откриено своето лице, вистинското име или своите години. Ваквиот пристап, освен што акцентот го става на нејзината музика, ја слави трансформативноста на црната жена.

Wash and Set, деби албумот на Leikeli47 беше албум на 2017 година за Дiskorдia, а Acrylic со сигурност, барем за почеток, и сонички и лирички е канџата која гребе далеку подлабоко од рапот нарачан од конгломерати.

 

 

 

 

 

 

Дiskorдia
Ивана Драгшиќ
Стефан Богески

Scroll to Top