Збор

Полиаморија

Практика или желба за љубовни/интимни/емоционални/сексуални односи со повеќе од еден партнер/ка, со информирана согласност на сите вклучени страни.

Трансфобија

Ирационален или општествено конструиран страв, омраза, предрасуда и дискриминација кон трансродовите луѓе. Лицата кои се најсилно трансфобични трансродовоста ја сметаат за грешна и болна, а кон трансродовите луѓе чувствуваат омраза, гадење и неретко желба за убиство. Трансфобијата е став кој произлегува од стереотипното и културно нормативно сфаќање дека родот е природна и универзална категорија и дека секое излегување од машкоженско рамката претставува болест и опасност. Конкретни акции на насилство, честопати и убиство, врз трансродовите луѓе се многу чест исход на трансфобијата.

извор

Домашно насилство

Според член 3.б од Истанбулската Конвенција домашното насилство ги означува сите акти на физичко, сексуално, психичко односно економско насилство што се случуваат во рамките на семејството или домаќинството односно помеѓу поранешни или сегашни сопружници или партнери, без оглед дали сторителот го дели или го делел истото живеалиште со жртвата или не.

16 дена активизам

„Every time a woman speaks up about her experience of sexual violence and she’s not believed, rape culture flourishes.“

Помеѓу 25 ноември – Меѓународниот ден на борба против родово базирано насилство и 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права, ја одбележуваме кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство.

Секој пат кога насилството останува неказнето или се тривијализира, се создава култура на нормализација на ова однесување, која вклучува ревиктимизација и/или обвинување на жртвите, потценување на сведоштвата на девојките и жените, непријавување и перпетуирање на родово базираното насилство.

Затоа, кога ќе чуете сведоштво од жртва на насилство:

  1. Слушајте.
  2. Верувајте.
  3. Поддржете

Стелтинг

Неконсензуално отстранување на кондом, со други зборови, скришно отстранување или оштетување на кондомот за време на сексуален однос без знаење на партнерот/партнерката. Овој чин не секаде се смета за злоставување, туку варира во зависност од културата и земјата.

Психолошка манипулација

Gaslighting се објаснува како еден вид психолошка злоупотреба што вклучува лукава манипулација и контрола врз жртвата која со текот на времето почнува да се сомнева во сопствената перцепција, меморија и проценка. Таа станува несигурна во своите способности, сликата за себе, ја губи самодовербата, и на крајот, сопственото толкување на реалноста и „здравиот разум“. На македонски јазик, овој поим би се опишал како манипулативно полудување/психолошка манипулација. Или разговорно, би кажале „излуди ја жртвата и владеј“!

 

 

 

 

 

 

 

Види повеќе 

Вакцина

Препарат од ослабени микроби, вируси или нивни излачувања, кои телото ги препознава како страни, ги уништува и потоа ги памети, а се дава за заштита на организмот од заразни болести. Организираната администрацијата на вакцините се нарекува вакцинација. Вакцинацијата е најефективниот метод за спречување на заразни болести, а распространетиот имунитет поради вакцинацијата е во голема мера должен за искоренување и ограничување на бројни болести како што се детска парализа, мали сипаници и тетанус од поголем дел од светот. Ефективноста на вакцинацијата како метод на заштита е широко проучена и потврдена, и постои огромен научен консензус дека вакцините се најбезбеден и ефикасен начин за борба и искоренување на заразни болести.

Трансмизогинија

Трансмизогинија е пресек помеѓу трансфобија и мизогенија. Трансфобијата се дефинира како „ирационален страв, одбивност или дискриминација на трансродовите лица“, а мизогонијата се дефинира како „омраза кон жените“. Така, трансмизогинијата вклучува негативни ставови, омраза и дискриминација кон трансродовите или транссексуалните лица кои се наоѓаат на женската страна на родовиот спектар, а особено на трансродовите жени.

Силување

Силување претставува секое дејствие од сексуална природа, со кој било телесен дел или предмет, на телото на друго лице без негова/нејзина согласност. Сексуално насилство постои и кога се наведува или присилува друго лице да се вклучи во дејствија од сексуална природа со трето лице без негова согласност. Согласноста мора да е изразена доброволно како резултат на слободната волја на лицето, проценета во контекст на околностите. Сепак, според нашиот Кривичен законик силување се смета само доколку е употребена физичка сила или закана од страна на сторителот и даден отпор од страна на жртвата. Поради ова постојат бројни случаи на силување кои не постојат пред институциите и жртвите имаат огромен проблем да поднесат кривична пријава и да го докажат делото. За целосна заштите и правда за жртвите на сите облици на силување потребни се итни измени на Кривичниот законик.

 

 

 

 

 

 

Повеќе информации

Scroll to Top