Збор

CEDAW

Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација против жените (CEDAW), позната како Повелбата за женски права, е еден од клучните инструменти кои ја овозможува работата во рамките на UN Women. Како меѓународен правен инструмент, им налага на земјите потписнички да ја елиминираат дискриминацијата на жените и девојките во сите области и ги промовираат еднаквите права на жените и девојките.

На последната сесија на Комитетот под Конвенцијата, експертите позитивно ја оценија јасната политичка заложба на Република Северна Македонија да се доближи до стандардите на Конвецијата, но исто така истакнаа дека жените од рурални средини, жените ромки, сексуалните работнички и ЛБТИ жените сé уште се секојдневно изложени на дискриминација и даде препорака државата да го адресира овој проблем.

Трансфобија

Ирационален или општествено конструиран страв, омраза, предрасуда и дискриминација кон трансродовите луѓе. Лицата кои се најсилно трансфобични трансродовоста ја сметаат за грешна и болна, а кон трансродовите луѓе чувствуваат омраза, гадење и неретко желба за убиство. Трансфобијата е став кој произлегува од стереотипното и културно нормативно сфаќање дека родот е природна и универзална категорија и дека секое излегување од машкоженско рамката претставува болест и опасност. Конкретни акции на насилство, честопати и убиство, врз трансродовите луѓе се многу чест исход на трансфобијата.

извор

Менструална чашка

Менструалната чашка е алтернативен избор за тампони или влошки. Тоа е флексибилна силиконска чашка која се вметнува во вагината, ја собира крвта и се менува на 4 до 8 часа, зависно од циклусот. Истата чашка може да се користи и повеќе од 5 години, а се дезинфицира со тоа што кратко се проврива пред и по циклусот. Освен што има огромен економски бенефит (во Македонија на пример чашката чини 1490 денари), дополнително е пријателска и за животната средина, за разлика од влошките и тампоните, а природниот силикон од кој е изработена не ја пореметува флората на вагината.

СПОРНА КАТЕГОРИЈА

Спорни
Вид збор: Придавка

/кој предизвикува спор; околу кој може да се води спор/

Додека сексуалната ориентација и родовиот идентитет се веќе дел од неколку закони, вицепремиерот Бујар Османи смета дека ЛГБТИ луѓето се дел од некаква си спорна категорија. Свесно се спори основниот закон кој ќе им даде сеопфатна заштита на најмаргинализираните!

ЛГБТИ заедницата не е и не може да биде спорна.

Дрег кралица [Drag Queen]

Личности кои носат екстравагантна женска гардероба и шминка заради перформанс и пародија/карикатурирање на стереотипите за женственост и „вамп жени“. Обично носат претерана шминка и бројни додатоци за да ја постигнат таа цел.
Постојат повеќе теории за етимолигијата на зборот, а еден од нив е Дрег како акроним за “Dressed Resembling A Girl”.

 

Родово базирано насилство (РБН)

Родово базирано насилство (РБН) се однесува на кој било штетен акт
спротивен на волјата на лицето, кој е базиран врз социјално пропишаните
разлики меѓу мажите и жените. Вклучува физичка, сексуална или
ментална повреда (насилство) или страдање, закани од тој вид, принуда
и лишување од слобода.

Медуза

1. Жена што на главата наместо коса има змии.
Употреба: Митологија

2. Повеќе класи на мекотелни, желатинести морски животни со пипала од долната страна со голем број видови.
Употреба: Зоологија

Scroll to Top