Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • Uncategorized, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Демнење: Кога контролата и непосакуваната близина стануваат демнење?
Клучно во спречувањето на демнењето е препознавањето на моментот кога истото започнува

Секоја вечер истиот распоред, чиниш тоа е ритуал кој мора да биде исполнет, бидејќи ако не е така, тоа би ги налутило Боговите или пак би го нарушило кругот на суеверието. Прво, откако ќе отклучи, веднаш ја заклучува влезната врата, а потоа клучот го остава во пепелникот кој стои на малата комода за чевли на почетокот од ходникот. Го соблекува зимскиот капут и чизмите, продолжува кон дневната соба каде на каучот ја остава чантата, оди во тоалетот, ги мие рацете и лицето, се соблекува и тушира. Потоа заминува во спалната соба, каде ја мачка мазната кожа со млеко за тело, се облекува и се враќа во кујната за да си го подготви еспресото, доколку работи, или макијатото, ако таа вечер се опушта пред телевизорот со некој добар филм.¹

Можеби текстот погоре ви делува филмски, но сличните ситуации на него, за жал, се секојдневние на многу луѓе, а најчесто жени. Оние кои демнат се прикрадуваат, прогонуваат, се кријат, на начин сличен на начинот на кој ловецот се крие, демнејќи го животното одредено време пред да го повлече чкрапецот и да го убие. Но, честопати не би можеле да зборуваме за метафора, вака просто објаснувајќи го демнењето.

Ја гледам пред себе, толку ми е блиску, а сепак не можам да ја дофатам. Но, добро е што е вака, таа не знае дека сум тука, дека ја демнам, замислувам како би било повторно да и ја допрам меката бела кожа на вратот, која сигурно и мириса на јасмин. Го знам тој мирис, неколку дена го чувствував во нејзината спална соба, кога лежев на нејзиниот кревет и и ги мирисав нејзините гаќички, додека таа мирно спиеше, под дејство на флунитрапезамот.

Иако кај нас за инкриминација на демнењето се зборува дури по потпишувањето на Истанбулската Конвенција, сепак на тлото на Европа за оваа појава се зборува и истата се казнува уште од 1933 година (во Данска), а во САД (прво Калифорнија) од деведесеттите години на XX век, и тоа по убиството на актерката Rebecca Schaeffer.

Но, и покрај доцнењето во законската регулатива, истражувањето на ОБСЕ од 2019 година, покажа дека демнењето кај нас и тоа како постои и се случува. Имено, 7% од испитаничките изјавиле дека биле прогонувани, најчесто од непозната индивидуа (53%), и од поранешен интимен партнер (30%). Во четвртина од случаите, прогонувањето траело неколку дена, но во 48% барем неколку месеци. Најчесто жртвите добивале навредливи, заканувачки или телефонски повици без одговор, потоа биле следени, некој ги чекал пред училиште или работното место, добивале навредливи или заканувачки СМС пораки или пораки на електронската пошта. Последиците врз жртвите биле вознемиреност, срам, бес, страв, тешкотии во спиењето, чувство на ранливост, депресија (OSCE, 2019: 34-35).

По кој знае кој пат стоеше во сенката на големото дрво, скриен во темнината на ноќта и прегратката на облаците над месечината. Во таа студена ноќ, нестрпливо, како волк кој го демне јагнето, ја чекаше убавата девојка која долго време ја следеше наоколу низ градот. Пред неколку часа излезе со своите другарки, но кај и да е очекуваше дека ќе се појави, се разбира сама.

А, што всушност е демнење? Тоа е збир дејствија, кои може да не се кривични дела, како на пример, телефонски јавувања, праќање писма или подароци и појавување на јавни места, но кои за жртвата се застрашувачки, а можеби за нас изгледаат безопасно (Stalking Resource Center, 2015: 1). Но, честопати, демнењето не се задржува само на такви, условно кажано, секојдневни дејствија, туку како минува времето од почетокот на демнењето, така дејствијата стануваат сè поопасни, минувајќи кон сексуални и насилни кривични дела (Sheridan et al., 2001: 223).
Дејствијата и постапките се повторуваат, оној кој демне отстварува (физичка или визуелна) близина со жртвата, од која во ниту еден момент не добил дозвола за тоа. Сите постапки кај жртвата предизвикуваат основан страв за сопствениот живот или тој на нејзините блиски (National Institute of Justice).

Зошто кај оние кои демнат се појавува потребата од физичка или визуелна близина? Поради потребата од контрола на животот на жртвата, нејзината улога на извор на самопотврда, стравот да се изгуби претходниот однос. Посебно важни за демнењето се блиските емоционални односи (Thomas et al., 2008), а пред сè случаите на семејно насилство (Konstantinovic – Vilic et al., 2010: 155).

Каде и да погледнам, тој е насекаде. Во секој лик е неговиот, во секој глас го слушам неговиот. Кога ќе заѕвони телефонот се плашам да погледнам кој е. Кога ќе добијам СМС не сакам да ја прочитам. Не излегувам. Не постои дел од мојот живот кој не е уништен.

Демнењето длабоко ја уништува социјалната сфера на животот на жртвата, но остава и долготрајни психички последици по нејзиното здравје. Најчесто станува збор за промени во личноста, навиките, жртвите стануваат помалку пријателски расположени, со недоверба, избегнуваат социјални контакти, кај нив се појавила параноја, анксиозност, агресивност и интровертност (Hall, 1998), состојби на депресија, посттрауматски стрес (PTSD), но и обиди за самоубиство (Pathe & Mullen, 1997).

Клучно во спречувањето на демнењето е препознавањето на моментот кога истото започнува. Постојаното присуство, зголемената контрола, непосакуваната близина, дејствија кои секојдневно, дури и повеќе пати во текот на денот се повторуваат, се само дел од знаците кои треба да ви укажат дека одредено лице чувствува потреба да е присутно (иако вие тоа не го посакувате). Во тој случај, не заборавајте дека вие не сте тие што треба да го промените начинот на живот, туку оној кој демне треба да престане со таквите дејствија. Затоа многу важен чекор, покрај навременото препознавање, е и пријавувањето на ваквите дејствија. Набрзо, предлог законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство ќе отвори можности за уште поголема заштита на жените од каков и да било вид насилство, вклучувајќи ги сите форми на родово засновано насилство, а со измените на Кривичниот законик, демнењето ќе стане кривично дело.

 

 

 

 

 

 

¹Извадоците се дел од дело во процес на изработка на авторката

НАПИШАНО ОД:
  • Ангелина Станојоска
  • December 21, 2020
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Човечноста и отпорот на Тони Морисон
Лесна ли ќе и биде земјата на Тони Морисон, тешката земја на овој свет повторно втурнат во стапицата на омразата?! - запрашува Ивор Мицковски во новиот текст за Дојче Веле.
  • Од Ивор Мицковски
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ: Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска
Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година.
  • Од Мања Величковска
  • ФЕМ 101
Дали за Доналд Трамп конечно заврши шоуто?
Знаеме дека Трамп ќе се обиде да стори сé за да остане на власт, да ја избегне таа крајна катастрофа во животот - да стане „губитник“
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали „Еуфорија“ навистина го идеализира користењето на дроги?
„Помислата дека можеби можам да бидам добра личност ме поттикнува да пробувам да бидам добра личност,“
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Моника Стојановска: Пишувам отворено, сонливо и искрено
Може да кажам дека моите песни се една (за мене) потребна, но за жал погрешна психоанализа на другиот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Интерсекционалноста и улогата на родот во книгата „Седумте мажи на Евелин Уго”
Евелин е жртва на сексизмот - од страна на големиот Холивуд. Евелин е жртва на патријархатот, за кој жената е секогаш виновна, дури и кога молчи.
  • Од Ивана Цилевска
  • ФЕМ 101
Кога љубовта трансформира?
Во и надвор од сопствените срца: белешки од животот во Шпанија
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Надежта е во неоткажувањето
Да се биде е веќе однапред и да се биде заедно.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Противотровот на нашата егзистенцијална беспомошност
Ник Кејв за тоа како да ги исполниме нашите животи со величествена смисла.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јас и моето драго чудовиште
Како можеш да прифатиш дека секојдневно ќе се соочуваш со нови проблеми, твоето тело постојано ќе се менува и ќе прогресира кон полошо, а да не се разочараш самата себе?
  • Од Викторија Пенова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борба со видливата женска невидливост    
 За македонските авторки од 19 век.
  • Од Дијана Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #3
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Голото селфи како нова уметничка форма
За многу жени-уметници, создавањето на сопствениот разголен приказ станува начин за реапроприација на стереотипната слика на жената од машките традиции на историјата на западната уметност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Одиме во хоризонтала!
Шест препораки за летна читачка уживанција
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сребрениот бран
Да се изразуваме како што се чувствуваме е слобода која најчесто одбираме да не ја прифатиме
  • Од Ана Илиева Лара Тасковска Надеж Кристела Нсингоулоу Николоска Емилија Кузмановска
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Совршена жртва“
И јас бев тинејџерка која одеше на забави, но за среќа јас немав свој Брет Каванау
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жртвите се множат, додека институциите тивко потфрлаат
ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА НА ЖЕНИ-АКТИВИСТКИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН ЗА РОДОВО-ЗАСНОВАНОТО НАСИЛСТВО НА ИНТЕРНЕТ
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Маша Сеничиќ: Просторот е своевиден модел за нашите сеќавања
Поезијата не мора да се менува, но би било пожелно да преплави некои неочекувани предели. Движењето, во секој случај, останува во нејзината срж.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Опасното користење на приватните сексуални наративи на жените против нив
Приватните сексуални наративи на жените се користат против нив, дури и по смртта.
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Цената на водењето политика во услови на шовинистички менталитет
Oд вкупно 660 избрани градоначалници во период од 25 години и седум круга локални избори, само 18 се жени.
  • Од Симона Србиновска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Јована Ѓорѓиовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Борбата за права на текстилните работнички е борба за македонската жена
Разбирањето и емпатијата се основните двигатели на секоја промена.
  • Од Марија Бошковска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фиона Сампсон – Три песни
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Што ако сум „single“?
Сфатив дека за да бидам со друг, не би требало да го сменам моето автентично и единствено јас.
  • Од Сара Симоска
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пркосот на лезбејската утопија
Кон култниот лезбејски филм “Go Fish” (1994)
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мизогинијата упатена кон убавите жени
Кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram