Медикаментозниот абортус претставува неинвазивен метод за прекин на бременоста со користење лекови, во зависност од гестациската старост на бременоста и се извршува исклучиво во консултација со медицинско лице во рана бременост. Медикаментозниот абортус е право на здравствена заштита, а неостварувањето на ова право значи недоволна грижа на здравствениот систем за унапредување на здравјето на жените. Во нашата земја медикаментозниот абортус сѐ уште не е достапен.
Повеќе информации: 28 септември: „Медикаментозниот абортус е право на здравствена заштита“