Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • Uncategorized, ФЕМ 101
Случајот против современиот феминизам
Од една страна, феминизмот никогаш не бил пошироко прокламиран или попрофитабилен од сега. Од друга страна, последниве десет години, широката распространетост и прифатливост на феминизмот кулминираа со изборот на Доналд Трамп за претседател.

Исто е со феминизмот како што е и со жените воопшто: секогаш има, навидум, бесконечен број начини да не успеат. Од една страна, феминизмот никогаш не бил пошироко прокламиран или попрофитабилен од сега. Од друга страна, последниве десет години, широко распространетата истакнатост и прифатливост кулминираа со изборот на претседателот Доналд Трамп. (“Тајмс” објави есеј на крајот од декември под наслов “Феминизам – изгубен. Сега, што?“) Од 9-ти ноември, двата главни аргументи против современиот феминизам се појавија со речиси точна спротивставеност еден кон друг: или феминизмот стана премногу строга идеологија или омекна до точка на бескорисност. Од една страна, постои Келиен Конвеј која преку нејзината очигледна одбивност кон зборови што посочуваат кон принципи, се етикетираше како “пост-феминистка”. Меѓу оние од другата страна е писателката Џеса Криспин, кој верува дека притисокот да се направи феминизмот универзално прифатлив, јасно и очигледно го игнорира значењето на идеологијата.

Криспин напиша нова полемика на оваа тема, наречена “Зошто не сум феминистка”, во која таа нуди дефиниции за феминизмот, кои се значително поостри од „искрените“, дрски слогани што станаа ригорозни – “Иднината е женскa”, на пример, како што Хилари Клинтон објави во својата прва видео-изјава по изборите, или “Девојките само сакаат да имаат fun-даментални права” или “Феминизмот е радикална идеја дека жените се луѓе”. Коренот на овие фрази е засенет од нивната сеприсутност на торбички и маички, а за Криспин падот на феминизмот е видлив во тоа колку лесно е да се преземе таа етикета. Феминизмот, како што вели таа, стана себичен бренд популаризиран од извршни директори и компании за убавина, “борба за да им се дозволи на жените подеднакво да учествуваат во угнетувањето на немоќните и сиромашните”. Тоа е “нарцисоидно – рефлективен мисловен процес: јас се дефинирам како феминист/ка и така сè што правам е феминистички чин “. Тоа е како “куче кое напаѓа, а се претставува како маче” и, што би можела да биде најзагризувачката теза на Криспин – “децениски разговор за тоа која ТВ емисија е добра ТВ емисија и која ТВ емисија е лоша”.

Crispin е основач на “Bookslut”, веб-страница што ја започнала во 2002 година кога била вработена со полно работно време во Planned Parenthood (Планирано родителство) во Остин, Тексас. (Таа беше чекор пред трендот на реапроприација зборови која кулминираше со “Slutwalk” маршовите, кои за првпат беа одржани во 2011 година.) По акумулацијата на скромна, но ентузијастичка следбеничка група, Криспин го затвори “Bookslut” во 2016 година со мала церемонија. “Не сакав да станам професионалец”, изјави таа за Vulture, додавајќи: “Јас едноставно не ја доживувам американската литература како интересна. Сметам дека MFA (Master of fine arts) културата е страшна. Сите се супер весели бидејќи се обидуваат да ти продадат нешто, а тоа го сметам за навистина одбивно”. Криспин среќно го зазема спротивниот став, особено во сферите кои се заложуваат за супресивна позитивност. Поентата на “Зошто не сум феминистка” не е навистина дека Криспин не е феминистка; тоа е дека таа нема интерес да биде дел од клуб кој ги отвори своите врати и ја изгуби од вид својата политика – клубот кој, ако таа не беше толку зафатена со неговото отфрлање, ќе ја поканеше Келиен Конвеј да стане дел од него.

Ефектот на насловот кој привлекува внимание постои без разлика на нештата. Аргументот на Криспин е освежувачки и редок вид на противтежа; каде што се работи за феминизмот, широката прифатливост е скоро секогаш врамена како несомнено добро. “Некаде по патот кон женското ослободување, беше одлучено дека најефективниот метод беше феминизмот да стане универзален”, пишува Криспин. И луѓето што го одлучиле ова “заборавиле дека за нешто да биде универзално прифатено, мора да стане што повеќе банално, незаканувачко и неефективно колку што е возможно”. Друг, а можеби и помалку фаталистички начин на обликување на темата: феминизмот е политички аргумент со толку очигледни мотиви и моќ, што е стана кооптиран како естетика и трансформиран во продукт од страна на група влијателни профитери.

Криспин точно забележува дека историјата на феминизмот е обележана со “мал број на радикални жени кои вистински се вложиле, кои ја завршиле напорната работа – протуркување на положбата на жените напред, обично преку шокантни дела и зборови”, и дека “мнозинството жени имале корист од работата на овие неколку, а честопати се обидувале да се оградат од нив. “Читајќи го вториот ред, веднаш помислив на една иронична сцена во мемоарите на Мегин Кели, во која Кели ѝ кажува на Шерил Сандберг дека таа не е феминистка, а Сандберг, чија целокупна феминистичка иницијатива се заснова на тоа да се направи движење привлечно за луѓето како Кели, и чија непријатна служба на администрацијата на Трамп не треба да изненади никому – “не пресуди” за тоа што на Кели не ѝ се допаѓаше овој термин. Криспин главно се фокусира на помлади и понови феминистки, прекорувајќи ги дека се себични и срамежливи, исплашени од вториот бран. Тие ја претвораат Андреа Дворкин во жртвено јагне, пишува таа; “се дистанцираат од оние кои ги горат градниците, монструозни жени (bogeywomen) со влакнести пазуви.”

Овде и на некои други места каде аргументот на Криспин бара прецизно да направи мерка на современиот феминизам, таа – или продукцискиот распоред на оваа книга – не можат сосема да преземат одговорност за сложеноста на времињата. Од 2014 до 2016 година работев како уредничка на Jezebel, веб-страница која кога беше основана во 2007 година помогна да се дефинира онлајн феминизмот – и понатаму служеше како некој вид на апстрахирана цел за жените кои го критикуваа современиот феминизам од левичарска гледна точка. Овие критичари најчесто не препознаваа колку брзо се движи центарот, а Криспин го има истиот проблем. Голем дел од она што го осудува – “здивена култура”, правење маркетинг од empowerment, контролата која белите жени ја имаат врз јавниот дискурс – веќе е критикувано во голема мера од страна на младиот феминистички мејнстрим. Нејзината замислена дилeтантка која го мрази Дворкин, која дискутира за политиката на бикини депилацијата “давање blow-jobs како тоа да е мисионерска работа”, веќе одамна помина. Денес е многу поверојатно младите феминистки да прифатат радикална фасада. Билтенот на Лена Данам продава парчиња “Уништи го патријархатот”; минатата есен, Диор на модната писта вклучи маица на која пишуваше: “Сите треба да бидеме феминисти”. (Маицата сè уште не се продава во САД; наводно чини 550 евра во Франција.) Внатрешната закана за феминизмот во 2017 година е помалку отфрлање на радикални идеи отколку празна коопција на радикални појави – површно, пазарно ориентирано усогласување кое е поверојатно да направи една жена да се чувствува добро и праведнo отколку да ја доведе до политичко дејствие кое феминизмот би требало да го поттикне.

Најважното размислување во “Зошто не сум феминистка” е непростливото обвинение за индивидуализмот и капитализмот на Криспин, вредносни системи за кои таа тврди дека сериозно го извртиле значењето на феминизмот, охрабрувајќи ги жените да размислуваат за движењето само дотаму каде истото доведува до индивидуални придобивки. Ние погрешно ја протолкувавме старата поговорка дека личното е политичко, пишува таа – претворајќи ги нашите лични желби и одлуки во политичка праведност додека уредно ја избегнуваме политичката одговорност. Можеме да си мислиме дека “корпорациите за кои работиме ја трујат земјата, ги цедат сиромашните, ги прават богатите уште побогати, ама ај. Заеби.”, пишува Криспин. “Ние си ги сакаме нашите станови, можеме да се претплатиме и на Netflix и на Hulu, здравственото осигурување го покрива мојот SSRI рецепт, а белата машина за звук која само што ја купив ми помага да спијам ноќе.”

Фактот дека оваа аргументација изгледа како следниот веродостоен чекор за современиот феминизам, го одразува неодамнешното и брзо вртење налево на либералната политика. Социјализмот и анти-капитализмот, како антипод на идеологијата „јас пред сé“ на Доналд Трамп, тргнаа по забрзаниот пат во мејнстримот. “Зошто не сум феминистка” доаѓа во време кога дел од либералните жени во Америка би можеле да бидат подготвени за голема промена, кон систем на верување кој не ги следи “маркерите на успехот во патријархалниот капитализам”. . . . пари и моќ”, како што вели Криспин. Се чини дека постои растечки глад за феминизам кој е повеќе посветен на животите на жените со низок личен доход отколку со бројката на жени – извршни директорки.

Спротивното гледиште – дека феминизмот не е само во голема мера компатибилен со капитализмот туку всушност тој му служи – секако ужива во својата проминентност. Ова е пораката која беше пренесена од мнозинството самопрогласени феминистички примери во текот на изминатите десет години: она што го нарекувате феминизам е кога една жена добива доволно пари за да прави што сака. Криспин е немилосрдна во расчленувањето на овој бренд на феминизмот. Тоа значи дека едноставно се купува излезот од угнетување, а потоа истиот се овековечува, тврди таа; го опфаќа патријархалниот модел на среќа, кој зависи од тоа “да се има некој друг податлив на вашата волја”. Жените експлоатирани со векови пораснале потсвесно желни да ги искористат другите, смета Криспин. “Откако ќе бидеме дел од системот и ќе имаме корист од него на исто ниво како и мажите, ние, како една група, нема да се грижиме за тоа чиј ред е сега да биде повреден”.

Едно прашање од публиката беше потегнато за време на “Зошто не сум феминистка”. Во некои моменти се чинеше дека секој што ја разбира аргументацијата на Криспин, веќе би требало да се има согласено со неа. Исто така, се запрашав како би можела да биде прифатена книгата ако победи Хилари Клинтон – ако недоволно радикалниот феминизам против кој Криспин се бори би триумфирал наместо да би апсорбирал неверојатен удар. Наместо тоа, нејзината книга пристигнува во корисна и можеби неочекувано флексибилна културолошка точка: во време кога политичкиот комодидет се појавува без заложба, и кога, како што забележа Аманда Хес во магазинот „Тајмс“ оваа недела, многу бели жени од средна класа маршираа наколнети кон крајно левичарски идеи, повеќе отколку што некогаш би претпоставиле. Повиците “трансформирајте ја културата, не само одговарајте на неа” се она што многумина од нас сакаат да го слушнат.

Се разбира, ова е полемика, нема доволно простор за тоа како точно може да се постигне целосно ослободување од нашето индивидуалистичко и капиталистичко општество. “Запалете го” – уште еден новонастанат феминистички слоган – е генерално е сфатен како премногу апрстактен и метафоричен. Конечното поглавје на книгата на Криспин, насловено како “Каде одиме од тука”, е долго четири страници. Во еден дел од “Зошто не сум феминистка”, Криспин пишува против феминистичката несериозност кон мажите: “Секогаш е полесно да се најде твоето чувство за вредност преку намалување на вредноста на другиот. Полесно е да се дефинирате себе како “спротивно на тоа”, отколку да направите вистинска пресметка на вашите сопствени квалитети и да ги ставите на скала.” Со тоа се согласувам.

 

 

 

 

 

 

 

извор: The New Yorker

авторка: Jia Tolentino

НАПИШАНО ОД:
  • Гала Насева
  • Гала Насева
  • April 10, 2019
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ФЕМ 101
Пратеничка – да се биде или не?
Од досегашните избори видливо е дека речиси ниедна политичка партија не се залага, континуирано и посветено, за родовата еднаквост.
  • Од Ангелина Цветковска
  • Од Ангелина Цветковска
  • ФЕМ 101
Од историјата на женското движење: циклуси на изгубено-најдено
Критички предлог [анти-приказ] Susan Faludi, Backlash (New York: Crown, 1991), 552
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Хаџиевска
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.02
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 причини зошто треба да се гледа серијата Mrs. America
„Поборниците за женското ослободување сакаат да создадат полово-неутрален, феминстичко-тоталитарен кошмар.“
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
So long 2019!
Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Искра во борбата против домашното насилство: Интервју со Анастасија Младеновска
Автобиографска приказна за борбата на едно девојче.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ива Станојковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Заборавена историја на сексуалнoто насилство во Втората светска војна
Дури и во Германија, но сепак почесто во поконзервативните словенски земји, силувањата биле сокриени со превез на тишина и на жртвите не им била пружена помош.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што треба да знаеме за абортусната грижа за време на КОВИД-19?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Чувајќи ја Франка: Работа околу нега и грижа за време на Корона
Добивањето нега не би требало да биде само луксуз за богатите и повремен комфорт за средната класа, туку пристапна до сите деца и родители. Истовремено, работниците на грижа и нега би требало да се ценети и, се разбира, добро платени.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борба со видливата женска невидливост    
 За македонските авторки од 19 век.
  • Од Дијана Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Совршена жртва“
И јас бев тинејџерка која одеше на забави, но за среќа јас немав свој Брет Каванау
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Патишта на траумата
Што сè ѝ се случува на една жртва по злоставување
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Матеј Тројачанец
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • Uncategorized, ЗБОР
Медикаментозен абортус
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • ФЕМ 101
Повик за програма за истражувачки есеи
Доколку се залагаш за родова еднаквост, имаш пасија и искуство со пишување и ти треба простор за раст и пласирање на своите идеи, ова е повикот за тебе.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пандемија во сенка
Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Александрија Окасио-Кортез за победата на Бајден, загубата во Домовите и што следува за левицата
Окасио-Кортез ги отфрли неодамнешните критики од некои членови на Демократскиот дом кои ја обвинија левицата на партијата дека ги чинела неколку важни позиции. Некои од членовите што изгубија, рече таа, станале „седечки патки“.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безусловни почетници
Оваа книга не е совршена, но е совршен обид во борбата за еден можен феминистички свет.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче!
Од жените се очекува да се плашат. Ги учиме девојчињата да бидат срамежливи, плашливи, внимателни, наместо храбри и љубопитни. Ги учиме дека нивните тела се ранливи и им го всадуваме стравот од повредување со што им ја намалуваме довербата во нивните сопствени тела.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • ФЕМ 101
Борбата за права на текстилните работнички е борба за македонската жена
Разбирањето и емпатијата се основните двигатели на секоја промена.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марија Бошковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Очекуваме ослободителна пресуда за Пале Илоска
Со оглед дека непостапувањето на надлежните органи е една од главните системски слабости во справувањето со семејното и родово базираното насилство, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе инсистира на одговорност од инволвираните полициски службеници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска
  • Од Анастасија Марковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на „Дијалози“
Во четврток ќе прославиме една година љубов, пријателство, и феминистичко пишување и дејствување.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната жена од Медената земја
Пола за мене, пола за нив, повторува традиционалната пчеларка, додека медитативно им пее на пчелите.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram