Денес го одбележуваме почетокот на кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство. Оваа годината, фокусот на кампањата е сексуалното вонемирување, насилството и силувањето, под слоганот „Generation equality stands against rape!”.
Секој пат кога сексуалното насилство останува неказнето или се тривијализира, се создава култура на нормализација на ова однесување – “rape culture”, кое вклучува ревиктимизација и/или обвинување на жртвите, потценување на сведоштвата на девојките и жените, непријавување и перпетуирање на сексуално насилство.
Затоа, кога ќе чуете сведоштво од жртва на сексуално насилство:
- Слушајте.
- Верувајте.
- Поддржете