17 мај е Меѓународниот ден за борба против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата. Одбележувањето на овој започна во 2004 година со цел да се насочи вниманието на јавноста, креаторите на политики, медиумите и цивилното општество кон насилството и дискриминацијата со која се соочува ЛГБТИ заедницата ширум светот. Датумот е избран во име на 17 мај 1990 година кога Светската здравствена организација ја отстрани хомосексуалноста од листата на ментални нарушувања.
Денес го користиме IDAHOBIT за да се потсетиме и да ја прославиме историската борба на ЛГБТИ луѓето, како и јавно да се заложиме кон градење на инклузивен свет, со еднакви права за сите, без оглед на сексуалната ориентација и/или родовиот идентитет.