Не сме изненадени, но сепак, еуфорични и горди со вестите на денот: Медена земја со две номинации за Оскар во категориите најдобар документарец и најдобар странски филм. Популарноста не само на филмот, туку на самиот лик и дело на Атиџе, укажува кон фактот дека особено денес, во време кога природниот баланс е покревок од било кога, а цивилизацискиот прогрес станува дискутабилна категорија, потребни ни се вакви хероини, кои ни покажуваат колку е важна грижата за природата и за блиските.
Пола за мене, пола за нив – се надеваме дека глобалниот успех на овој филм ќе успее и да ја прошири главната порака на последната дива пчеларка во Европа. Честитки до целиот тим на Медената земја!