Прво па женско е фестивал за феминистичка култура и акција, а се одржува од 2013 година со цел отворено поставување на прашањето за положбата на жената во современото општество.
Темата на седмото по ред издание на Прво па женско е Тело, односно Ова тело кое не е едно.
Телото отсекогаш било место на контрола, отпор, дисциплина и непослушност, и меѓу другото простор каде се вежбале и истражувале родовите улоги. Ова #ППЖ, низ контрадикторно и конфронтирачко соединување ќе се обиде да создаде едно колективно тело од мноштво различности од 9 до 12 мај во МКЦ.
Целосната програма може да се преземе на следниот линк.