Силување претставува секое дејствие од сексуална природа, со кој било телесен дел или предмет, на телото на друго лице без негова/нејзина согласност. Сексуално насилство постои и кога се наведува или присилува друго лице да се вклучи во дејствија од сексуална природа со трето лице без негова согласност. Согласноста мора да е изразена доброволно како резултат на слободната волја на лицето, проценета во контекст на околностите. Сепак, според нашиот Кривичен законик силување се смета само доколку е употребена физичка сила или закана од страна на сторителот и даден отпор од страна на жртвата. Поради ова постојат бројни случаи на силување кои не постојат пред институциите и жртвите имаат огромен проблем да поднесат кривична пријава и да го докажат делото. За целосна заштите и правда за жртвите на сите облици на силување потребни се итни измени на Кривичниот законик.