На 29 јуни 1969 полицијата изврши рација во барот Stonewall Inn во Greenwich Village, познато место за собирање и забава на квир заедницата на Менхетен. Полициските рации со кои се соочуваала ЛГБТИ заедницата во тоа време биле рутина, но оваа ноќ е исклучок, бидејќи луѓето од заедницата решиле да возвратат и со тоа овој настан се запишува во модерната историја како еден од најважните протести за движењето за геј правата, односно правата на ЛГБТИ+ заедницата. Бунтот на Stonewall (Stonewall riots/Stonewall uprising/Stonewall rebellion) се серија на спонтани демонстрации кои траееле 6 дена и мобилизирале илјадниците луѓе на улиците на Њујорк, водени од транс жени, лезбејки, дрег кралици, бездомни квир лица, сексуални работници и работнички, геј, би и пансексуални личности, и како такви се сметаат за клучен момент во борбата против хомофобијата, трансфобијата и полициското насилство.
По повод овој исторски настан, во многу држави низ светот месецот јуни е месец на гордоста и се одбележува со протести, паради и други настани за подигнување на свеста за историјата на борбата на ЛГБТИ заедницата.