Ирационален или општествено конструиран страв, омраза, предрасуда и дискриминација кон трансродовите луѓе. Лицата кои се најсилно трансфобични трансродовоста ја сметаат за грешна и болна, а кон трансродовите луѓе чувствуваат омраза, гадење и неретко желба за убиство. Трансфобијата е став кој произлегува од стереотипното и културно нормативно сфаќање дека родот е природна и универзална категорија и дека секое излегување од машкоженско рамката претставува болест и опасност. Конкретни акции на насилство, честопати и убиство, врз трансродовите луѓе се многу чест исход на трансфобијата.