Маја Петревска
Авторка
Сонлива архитектка (soon to be магистер), феминистка и човек кој секогаш си го носи со себе чувството на неприпадност, секаде а сепак никаде. Ја користи сопствената чувствителност како алатка за отпор против сите наметнати дефиниции, очекувања, општествени норми и идеи за женското искуство. Со мултидисциплинарен пристап ја проучува поетиката на секојдневното фокусирајќи се на женското искуство на Градот и архитектурата. Со феминизмот се запознава од најмала возраст преку првата и клучна за неа феминистка – мајка ѝ Марга.