Секс-позитивниот став цели токму кон демистификација и славење на женската сексуалност, а еден од начините да го правиме тоа е отворен дијалог за нашите сексуални пракси. Единствено со преземање на јавниот наратив кој е изграден околу машкиот поглед може да се напушти традиционалното портретирање и доживување на жената како сексуален објект на кој “му се случува секс“, наместо субјект со свои потреби, желби, фаназии, минато, трауми, приказни…
Продукција: Медуза
Камера: Жарко Чулиќ
Музика: Принцес Донатсу
Видеото „Гледаме порно: еве какво“ е дел од проектот Breaking the silence, во соработка со Heinrich-Böll-Stiftung e.V.