Калиа Димитрова

ГЛАВНА И ОДГОВОРНА УРЕДНИЧКА

Скитничка со ѕвездени шари, која поради честите пловења не се поврзува со ниеден конкретен регион. Ја интересираат леви политики, градење заедници и сигурни простори во несигурни времиња. Поезијата и (од неодамна) графичките новели и се страст, а coming-of-age филмови опсесија. Верува дека феминизмот е начин на живот.

МВР ме прави огрочена и лута

Полицијата никогаш во минатото не била клучна во оваа борба, па баш затоа е тешко да се замисли дека некогаш во иднината би можела да биде

Емоциите се нашите политички и животни ресурси

Овој колективен гнев треба да се канализира, да се застане цврсто, без компрописи во легитимната борба за нашите животи: Говор на Калиа Димитрова од протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.

„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство

Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.

Отаде издржливоста

Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?

Кризата нè втурна во сиромаштија, а државата упорно нè исклучува: Интервју со сексуална работничка

Моменталната ситуација не ветува. Доколку продолжат сите мерки на претпазливот и пандемијата продолжи да демнее, сексуалните работници/чки како една од најзагрозените групи на граѓани може буквално да останат на улица.

„Нè третираа како животни“ – Приказни од породилните сали

Сестрите ми викаа „Не ти кажаа како е на пораѓај?! Убаво ти беше кога го правеше, сега што викаш, што плачеш?“

Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво

Ако за мнозинството социјалната изолација подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.

*WAP* на најјако

Или зошто за многу луѓе влажна вагина значи опасна вагина

Небремена (Unpregnant)

Филмов е одличен избор ако coming of age жанрот ви е слабост, а според мене на одличен начин ја прикажува голготата низ која треба да помине една девојка за да добие абортус.

Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност

Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
Scroll to Top